Search

Се одолговлекува трансферот на Фернандеш во Јунајтед

– Иако се смета за безбеден, трансферот на офанзивниот играч од средниот ред на Спортинг Лисабон, Бруно Фернандеш во Манчестер Јунајтед останува под знак прашалник. А причината е што постои сериозно несогласување меѓу двете страни во однос на трансфер сумата, пренесува „Скај Спорт”

Вчера се појавија вести дека Фернандеш изразил желба да премине на „Олд Трафорд” пред раководството на Спортинг, но португалскиот клуб бара да добие околу 70 милиони евра за својот фудбалер, а во таа сума влегува и преминувањето на централниот дефанзивец Маркос Рохо на „Хозе Алваладе”. Газдите на англискиот тим, сепак, сметаат дека тоа е премногу висока цена за 25-годишниот играч од средниот ред, иако се подготвени да се разделат со аргентинскиот дефанзивец.

Ова значи дека трансферот не е близу до финализирање во моментот, при што преговорите меѓу двете страни веројатно ќе се одложат до крајот на месецот. Менаџерот на „црвените ѓаволи”, Оле Гунар Солскјер, бара нов играч од средниот ред, каде што неубедливи се Џеси Лингард, Андреас Переира и Хуан Мата, а според „Скај Спортс”, Фернандеш е единствената опција која ја разгледува Јунајтед, така што е можно на крајот раководството на англискиот клуб да ги прифати условите на Спортинг.

Треба да знаете
Последни објави