Search

Се зголемува бројот на невработени лица во Грција

Бројот на невработени лица во Грција за еден месец се зголемил за 4,11 отсто, покажуваат најновите статистички податоци на грчката Организација за вработување на работна сила.

Во јуни, биле регистрирани 858. 069 лица, а во јули, 35. 241 повеќе, со што бројот на оние кои бараат работа достигнува до 893. 310, од кои 34,39 отсто се мажи, а 65,61 отсто жени, jави дописничката на МИА од Атина. Од регистрираните невработени, најголем број (38,31 отсто) се на возраст од 30 до 44 години, грчки државјани (89,63 отсто), со завршено средно училиште (43,71 отсто).

Бројот на невработени во Грција се зголемил за 7,91 отсто, споредбено со лани за истиот период. Во Организацијата за вработување на работна сила на Грција се регистрирани и 76. 891 лица кои иако се невработени, сепак не бараат работа.

Треба да знаете
Последни објави