Search

Се апсат градежници виновни за жртвите во земјотресот во Драч, осомничен и полицаец

Четири лица се обвинети за намерно убиство на 24 жртви во земјотресот во Драч. Тројца од нив се градители. Во Драч, три лица се уапсени по обвинение дека се виновни за смрт предизвикана од уривање на објекти по земјотресот на 26 ноември.

Во листата објавена од полицијата на која има девет лица се наоѓа и 53 годишниот Кујтим Хаса, вработен во министерството за внатершни работи. Против него ќе биде покренато обвинение за „намерно убиство“.

Уапсени се и двајца градители, 79-годишниот Ружди Џека за објектот хотел „Мира Маре“, каде животот го загубија две лица, и Авдула Османи (61) за изградба на хотелот „Тропикал“, каде животот го загубија двајца државјани на Косово, пишуваат албанските медиуми.

Во изјава за медиумите, полицијата и обвинителството истакнаа дека апсењата се направени после истраги и проверка на документи.

Во обвинителството на Дрaч досега беа испрашани повеќе од 90 лица, меѓу кои повеќе инженери, сопственици на објекти и градители. Досега според истрагите, треба да бидат уапсени 19 лица.

Треба да знаете
Последни објави