Search

СДСМ најавува постапка за целосен ветинг во судството, она што се случува во правосудствотo е срамно

Она што се случува во правосудството е срамно и неприфатливо. Неприфатливо е токму институциите кои треба да носат правда, истата да ја спречуваат и поткопуваат.
Во изминатите години јавноста е сведок на маратонски постапки, на правни замки, на незаинтересираност и неподготвеност на судството да решава случаи на висока корупција поврзани со крималот на Никола Груевски и режимот. Преку неефикасни и неодговорни постапки, судството му дозволува на Груевски да ескивира од правдата и ние жестоко се противиме на тоа.
Ваквите постапки на правосудните органи ја поткопуваат довербата во судскиот систем и правдата и уште еднаш ја докажуваат потребата од коренити промени на работите во судството.
Ова мора да престане. Сите очи се вперени во правосудството, тие институции мора да ја променат својата работа. И да одговараат пред граѓаните за својата работа. На нашите граѓани им треба судство кое носи правда. Фер, правично судење во разумен рок е основата и на Европската конвенција за човекови права. Како сериозна држава мора на дело да покажеме дека овие основи на правната држава мора да се почитувааат.

Правосудните органи постапките мора да ги водат ефикасно, правично и во разумен рок, секако согласно законите. Судството и обвинителството МОРА да ги почитуваат и споведуваат законите, отворените постапки кои со години се влечат низ судските лавиринти конечно да добијат судска разрешница. Непостапувањето на судовите создава вознемиреност меѓу граѓаните и отвора оправдани прашања за мотивите и целите на одредени судии и обвинители.

Затоа, ја повикуваме Државната комисија за спречување на корупцијата да започне постапка за проверка на имотот на судиите и обвинителите веднаш. Комисијата има таква можност којашто и ја охрабруваме да ја спроведе веднаш. Истовремено, СДСМ најавува дека започнува постапка за целосен ветинг на сите судии, процес кој ќе започне веднаш по формирање на новата Влада предводена од СДСМ. Целосен реизбор не беше дозволен од страна на Европската Унија, но ветинг на судиите мора да има, зашто правда може да носат само праведни судии, а не блокатори на правдата. Неопходен е ветинг во судството, за да се направи дистинкција меѓу чесните и професионални судии и обвинители и оние кои не се на нивото на професијата. Пред граѓаните ветивме правда, дадовме шанса на судството, не испорача, но ние ќе направиме се, за да го оствариме. Затоа што без правда нема сигурност и стабилност, без владеење на правото нема развој и напредок.

Треба да знаете
Последни објави