Search

СДСМ за само три години успеа да ја задолжи државата за скоро милијарда евра и долгот порасна над 5 милијарди евра

Соопштение до јавноста- реакција на прес конференцијата на Богданка Кузеска

СДСМ за само три години успеа да ја задолжи државата за скоро 1 милијарда евра и долгот порасна над 5 милијарди евра.

Македонија со Заев на чело е прогласена за хибриден режим.

Криминалот стана секојдневие, наместо да гледаме како се носат инвестиции, гледавме како се носат торби со рекетирани милиони.

Обвинителите чекаа Заев да одлучи, а судиите Заев да пресуди.

Македонија со СДСМ доби само хибриден режим. Криминал и корупција на секое ниво.

Слушнавме како братот на Заев давал насока за палење на коли, а братучедот одобрение кој може да води бизнис.

Македонија со Заев на чело само губеше изминативе три години.

Македонија не смее да продолжи да губи и понатаму.

 

Треба да знаете
Последни објави