Search

СДСМ го осуди нападот врз Љупчо Палевски, побара институциите да го расветлат случајот и да ги казнат сторителите

СДСМ остро го осудува физичкиот напад врз Љупчо Палевски од движењето Трета.
Во модерно, демократско општество, недозволиво е какво било насилство врз кој било поединец.
Очекуваме надлежните институции брзо да го расветлат случајот, да ги пронајдат сторителите и тие да бидат соодветно санкционирани.
Времето на неказнивост на насилството одамна заврши, сега е време на одговорност и секој што сторил насилство ќе се соочи со законите и правдата.

 

Треба да знаете
Последни објави