Search

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат кредибилитет да зборуваат за економија, оставија пустош, за две години СДСМ ја крена економијата

Кога зборуваат за промени, ВМРО-ДПМНЕ треба да се погледнат во огледало и да побараат промени во сопствените редови.

11 години ВМРО-ДПМНЕ ја држеше државата заробена во изолација, во сиромаштија, економијата тонеше, фирмите се затвораа а граѓаните не можеа да врзат крај со крај.

За само 2 години од заробена држава и стагнација, станавме светол пример во регионот, а успешните економски политики даваат видлив резултат.

Економијата од -1.8 во времето на ВМРО-ДПМНЕ порасна на 4.1%.

Имаме рекордни износи на директни странски инвестиции и раст на инвестициите од 260 проценти за една година, што е најголем раст на странски инвестиции во регионот.

Просечната плата е порасна за 2 илјади денари а пензиите за над 800 денари.

Државната помош за домашните фирми е на највисоко ниво.

Невработеноста е намалена на историска најниска стапка од 17.8%, отворени се околу 50 илјади нови работни места.

Со одговорно и домаќинско работење решени се долгогодишни проблеми оставени од ВМРО-ДПМНЕ како случајот со комбинатот ФЕНИ, како и пропустите на автопатот Миладиновци-Штип.

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски немаат кредибилитет да зборуваат за економија по пустошот што го оставија зад себе.

Граѓаните ја гледаат разликата помеѓу Владата предводена од СДСМ која обезбедува прогрес и интеграции и деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ, партијата која сака да ја врати државата назад во изолација и темното минато.

Државата чекори кон напредок, развој и интеграција во ЕУ и НАТО. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ остануваат осамени со деструктивна и анти-европска политика.

Треба да знаете
Последни објави