Search

СДСМ: Видовме 11 години колку ги бива Николовски и ВМРО-ДПМНЕ, создадоа заробена држава и воведоа режим, целосно не оддалечија од НАТО и ЕУ

Колку ги биваше ВМРО-ДПМНЕ и Александар Николовски граѓаните видоа за време на нивното 11 годишно криминално владеење. ВМРО-ДПМНЕ и истиот Алексндар Николовски создадоа заробена држава, заглавена во изолација и режим, целосно оддалечена од НАТО и ЕУ.

11 години, ВМРО-ДПМНЕ работеше директно против интеграција во ЕУ и НАТО, немаше позитивни препораки, немаше датум, немаше реформи а државата беше категоризирана како заробена.

Толку ги бива Николовски, Мицкоски, Милошоски….

Јалови се обидите на ВМРО-ДПМНЕ преку Александар Николовски историскиот успех во евроинтеграциите, најпозитивниот Извештај од ЕК и чистата препорака за датум да ги прикаже поинаку.

Додека нивниот пратеник Антонијо Милошоски дрско шири лажни вести дека наводно земји членки биле против нашата држава да започне преговори со ЕУ.

Вистината е една.

Одредена е точна временска точка во која ќе се донесе и потврди одлуката за почеток на преговорите за членство ЕУ, а тоа нема да биде подоцна од октомври оваа година.

Најпозитивниот извештај од ЕК, безусловната препорака за почеток на преговорите и заклучокот од Советот значат целосен успех кој се заокружива во октомври, со конечна одлука за почеток на преговорите до крајот на годината.

Тоа го гледаат сите освен ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски чии погледи се свртени кон Будимпешта, чекајќи инструкции од нивниот почесен претседател и осуден криминалец во бегство.

Република Северна Македонија оди напред и враќање назад нема.

Треба да знаете
Последни објави