Search

Светска програма за храна апелира милијардерите да донираат за гладните

Директорот на Светска програма за храна Дејвид Бизли ги повика најбогатите луѓе во светот да донираат пари за да спасат околу 30 милиони луѓе, кои би можеле да умрат од глад доколку не добијат помош.

– Околу 270 милиони луѓе се на раб на гладот и Светска програма за храна се надева дека годинава ќе успее да им пружи помош на 138 милиони луѓе, истакна Бизли пред безбедносниот совет на Обединети нации.

Тој додаде дека се потребни околу 4,1 милијарди долари на годишно ниво за да се нахранат 30 милиони луѓе, кои би починале без помош на Светската програма за храна.

Бизли истакна дека во светот постојат околу 2.000 милијардри, чие богатство се проценува на околу 6,8 трилиони долари, а некои од нив заработиле милијарди за време на пандемијата со Ковид-19.

Тој наведе дека не е против луѓето кои создаваат и го зголемуваат своето богатство, но потенцира дека човештвото се соочува со најголемата криза досега.

Треба да знаете
Последни објави