Search

Само Мицкоски се радуваше за историската грешка на Унијата, ние продолжуваме со работа за европските стандарди да ги донесеме тука 

Само Мицкоски се радуваше на историската грешка на ЕУ. Тоа е таа препознатлива груевистичка матрица, рече заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска на граѓанска трибина во Струга зборувајќи за отсуството на државност и одговорност кај опозициската ВМОР-ДПМНЕ.
Шекеринска го истакна огромениот напредок во последните две и пол години и додаде дека СДСМ ќе продолжи со политиките кои обезбедуваат европски стандарди тука, во нашата земја.
– За две и пол години ги исправаме грешките направени во претходните 11 години. Наследивме изолирана, раскарана, уништена држава, но денес сме извесна членка на НАТО и нашето знаме наскоро ќе се вее пред седиштето на Алијансата. Од држава заробена во страв во која сите шепкаа и се плашеа денес сме држава на слободни луѓе. За помалку од две и пол години ја покачивме минималната плата два пати, прво на 12.000 сега на 14.500 денари. Просечната  плата се покачи за над 2.000 илјади денари, Но не застануваме, продолжуваме. Работиме двојно повеќе, за европските вредности и европските стандарди да донесеме овде, потенцираше Шекеринска.

 

Треба да знаете
Последни објави