Search

САД со повик до Ерменија и Азербејџан за примирје

Вашингтон ги повика Ерменија и Азербејџан да прекинат со непријателствата во Нагорно Карабах.

– Повикуваме на примирје. Сакаме двете страни да се повлечат. Разговаравме со лидерите на двете земји и поабаравме да го сторат тоа, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео во интервју за Фокс Њуз.

Тој нагласи дека и другите земји треба да го сторат истото и дека САД не охрабруваат интернационализација на конфликтот.

– Се надеваме дека во следните денови ќе видат дека насилството не ги решава етничките и политичките конфликти што постојат во тој регион, како и дека мешањето на други земји само го влошува проблемот, изјави Помпео.

Треба да знаете
Последни објави