Search

САД веруваат дека Русите тестирале хиперсонична крстосувачка ракета

САД веруваат дека неодамнешната експлозија во Русија, во која загинаа петмина научници, била поврзана со програмата за хиперсонична крстосувачка ракета, изјави денеска висок функционер во администрацијата на Доналд Трамп.

Руската нуклеарна агенција „Росатом” претходно соопшти дека несреќата се случила за време на ракетен тест на платформа на море, кога се запалило ракетно гориво, предизвикувајќи експлозија.

Американскиот функционер, кој побарал да остане анонимен, рече дека Вашингтон не е подготвен во моментов да каже дали станува збор за нуклеарна експлозија, но дека верува оти биле вклучени радиоактивни елементи.

Експлозијата, тврди тој, би можела да биде потенцијално значаен чекор наназад за руската програма, иако е нејасно дали е предизвикана од неуспешното лансирање, пренесува Танјуг.

Треба да знаете
Последни објави