Search

Рот: Мирот во Северна Ирска и интегритетот на европскиот пазар не се за преговори

Мирот во Северна Ирска и интегритетот на европскиот пазар не се тема за преговори со ЕУ, изјави германскиот министер за европски прашања Мајкл Рот, неколку часа пред средбата на британскиот премиер Борис Џонсон со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин.

– Извлекувањето злато со сламка никогаш не успевало. Тоа, исто така, се однесува и на Брегзит. Мирот во Северна Ирска, како и интегритетот на внатрешниот пазар не се тема за преговори со ЕУ, напиша Рот денеска на Твитер.

Тој истакна дека „може да се разговара за идните односи меѓу Велика Британија и ЕУ”.

Треба да знаете
Последни објави