Search

Роналдо оди на друга церемонија, таму ќе има награда за него

Се очекува Кристијано Роналдо да не присуствува на денешната церемонија на „Златната топка” во Париз. Според италијанските новинари, напаѓачот на Јувентус оваа вечер ќе биде гостин на уште еден настан – Гала вечерта на Калчото во Милано, во организација на Здружението на италијански фудбалери.

Португалецот ќе добие награда на неа, откако се очекува да биде прогласен за „Најкориснот играч” во Серија „А” минатата сезона. Победниците на овој настан се одредуваат по гласањето помеѓу професионалните играчи на Апенините.

Според неофицијалните информации, Кристијано е само четврти по гласањето за „Златната топка”, а пред него се Лионел Меси, Вирџил ван Дајк и Мохамед Салах.

Треба да знаете
Последни објави