Search

Роденденска крводарителна акција во Карпош

По повод 44.г од постоењето на Општина Карпош, а во рамките на традиционалните „Денови на Општина Карпош“, утре, четврток, 29 октомври, ќе се организира т.н. роденденска крводарителна акција.

Оваа хуманитарна акција Општината, заедно со Републичкиот завод за трансфузиологија  и Црвениот крст на Карпош, локалната самоуправа ќе ја спроведе во  спортската сала на ООУ „Лазо Трповски“, во периодот од 9 часот наутро до 16 часот, при што крв ќе даруваат само вработените од општинската администрација.

Досега се пријавени потенцијални 40 крводарители, а акцијата ќе се спроведе според сите заштитни протоколи во услови на ковид пандемијата. Тоа подразбира дека во периодот од еден час крв ќе даруваат најмногу околу четири до пет дарители на крв.

По повод втората по ред крводарителна акција што ја организира Општина Карпош во време на ковид кризата, кога има и најмногу потреба за крвни единици, изјава за медиумите , во 11.15.часот ќе даде градоначалникот на Карпош Стефан Богоев.

Треба да знаете
Последни објави