Search

Рекорден број нови случаи на коронавирус во Јапонија

Во Јапонија во изминатите 24 часа се потврдени најголем број случаи на дневно ниво од почетокот на епидемијата на коронавирус.

Министерството за здравство соопшти дека бројот на новозаболени во последните 24 часа е 1.601, што е четврти ден по ред бројот на заболени да надминува 1.000, пренесува Си-ен-ен.

Досега се потврдени 46.151 случај на коронавирус, а починале 1.062 лица.

Токио е меѓу најпогодените градови, каде во последните 24 часа се потврдени 462 случаи.

Треба да знаете
Последни објави