Search

Реконструкција на Владата, НДП останува без министерство!?

Иако се очекуваше реконструкција од поголеми размери, меѓу осумте министри кои се дел од „метлата“ на премиерот Зоран Заев, се дознава дека се и именувањата во министерствата за култура, земјоделство и политички систем, дознава Алсат.

Од партијата „алтернатива“ на Африм Гаши, велат дека во наредните денови се очекува официјализирање на кандидатот за министер за култура.

ДУИ од друга страна го затвори поглавјето за реконструкција, со предлог за министерот за екологија, Садула Дураку, во Министерството за политички систем, а на негово место се дознава дека ќе дојде Насер Нуредини.

Иако интегративците велат дека реконструкцијата во нивните редови завршила, извори на Алсат неофицијално велат дека СДСМ и Зоран Заев, го негираат предлогот Дураку да биде именуван во ресорот политички систем.

Прочитајте и…  Почнува КРИК – фестивал за критичка култура

Дури, неофицијално истиот медиум дознава дека Министерството за локална самоуправа, кое го води кадар на националната демократска преродба-НДП, ќе и се додели на либерал-демократската партија, додека пак Министерството без ресор за подобрување на инвестициската клима за локалните компании, со кое раководи Зоран Шапуриќ ќе и следува на партиите на Ромите.

Од редовите на СДСМ, Заев не го објавува името на министерот за земјоделство, а пак извори од редовите на социјалдемократите информираат дека во рамките на реконструкцијата ќе бидат опфатени и министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски и министерот за финансии, Драган Тевдовски.

Треба да знаете
Последни објави