Search

Револверот со кој се самоуби Ван Гог на аукција

Револверот со кој холандскиот сликар Винсент ван Гог се застрела на 27 јули 1890 година во Франција во среда ќе се најде на аукција во Париз. Аукциската куќа „Оксион арт“ соопшти дека вредноста на револверот е проценета меѓу 40 и 60.000 евра.

Ван Гог по две години поминати на југот на Франција, на 20 мај 1890 година се преселил во гратче северно од Париз, по совет на неговиот брат. Лекарот Пол Гаше се грижел за здравјето на холандскиот уметник кој имал чести психолошки кризи. Ван Гог изнајмил соба во гостилница и тогаш бил на врвот од неговото уметничко творештво односно сликал по една слика дневно.

На 27 јули 1890 година отишол на прошетка и таму се обидел да се самоубие со револверот кој го земал од сопственикот на гостилницата. Но, оружјето му се лизнало од раката и Ван Гог се онесвестил. Се разбудил ноќта и ранет тргнал да се врати кон гостилницата. И покрај помошта на лекарот, Ван Гог починал по два дена агонија.

Револверот во 1960 година го нашол земјоделец и го предал на сегашните сопственици на гостилницата. Револверот прво бил закачен на ѕидот во гостилницата, а потоа бил изложен во музејот посветен на Ван Гог во Амстердам.

Американските научници имаат теза дека Ван Гог не се самоубил туку бил застрелан од млади луѓе кои се играле со оружјето.

Треба да знаете
Последни објави