Search

Ребиќ пак му донесе победа на Милан

Хрватскиот фудбалер Анте Ребиќ на втор меч по ред се издвои како херој на Милан. По двата гола кои ги постигна минатата недела во победата над Удинезе, Ребиќ денеска беше стрелец на единствениот гол на гостувањето во Бреша со кој Милан победи со 0:1 на „Марио Ригамонти“.

Со доаѓањето на Златан Ибрахимовиќ во Милан заигра и Ребиќ, кој претходно не добиваше шанса.

Хрватот беше најснаодлив во една несекојдневна мешаница во шеснаесетникот на домаќините, па така во 71-та минута постигна гол кој се покажа како клучен на оваа средба.

Пред да се случи ова, мора да се напомене дека Бреша пропушти неколку фантастични шанси за гол преку својот капитен Торегроса, а исто така фантастичен на голот на Милан беше Донарума. За Милан ова беше трета победа во низа во Серија А (четврта во сите натпреварувања), со која „росонерите“ се приближија на минус четири од петтопласираната Аталанта.

Треба да знаете
Последни објави