Search

Рангелова: Мицкоски беше избран со притисок врз делегатите, јас не го поддржав

Никогаш не го поддржав Христијан Мицкоски да биде избран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ, рече поранешната претседателка на Унија на жени и пратеничка Даниела Рангелова на 360 Степени.

-Иницијативата што сега бара одговорност од Мицкоски е составена од луѓе што го избраа за лидер. Тие сега имаат најголем легитимитет да му бараат одговорност, зашто тие го избраа. Јас не го поддржав ниту тогаш, сметав дека не е демократски да се прави притисок врз делегати да се избере лидер кој воедно е единствен кандидат – рече Рангелова.

Според неа, потребна е внатрешна интелектуална револуција, бидејќи, како што вели, Мицкоски не е способен да води партија, неопределените не гледаат ништо различно во него, нема јасни ставови…

Треба да знаете
Последни објави