Search

Рама и Баша го честитаа изборот на новата косовска Влада

Албанскиот премиер Еди Рама го честиташе изборот и `и посака среќа на новата влада на Косово.

Преку објава на Твитер, Рама истото и го посака и на опозицијата во Косово, надевајќи се дека и двете страни ќе работат заедно за доброто на земјата.

„И посакувам на нова влада на Косово и на опозицијата среќна и успешна работа во интерес на народот и нивната држава, со верба и надеж дека по еден не толку лесен период на превирања во процесот на демократската зрелост, тие ќе направат заедно добра работа за Косово”, напиша Рама.

Преку Твитер реагираше и лидерот на опозициската Демократска партија,Љуљзим Баша.

Честитајќи му го изборот на новата влада во Приштина Баша оценува дека консолидацијата на државата, евроатланските интеграции, заштитата на интегритетот и суверенитетот на Косово, се предизвици, чие успешно реализирање е во интерес не само на Косово и нејзиниот народ, туку се неопходни за мировните и интегративните процеси на целиот регион.

„И посакувам успешна работа на новата влада на Косово и на премиерот Хоти во успешно исполнување на стратешките цели на Косово и на најдобрите интереси на нејзините граѓани. Демократската партија на Албанија денес во опозиција а утре на власт секогаш ќе биде на страната на Косово, на страната на нејзините граѓани, со непоколебливо убедување дека успехот на Косово е успех на националниот интерес на сите Албанци, напиша Баша.

Новата косовска влада на чие чело е Абдулах Хоти законодавниот дом во Приштина ја изгласана вчера.

Треба да знаете
Последни објави