Search

Радичевиќ ја предводеше Црна Гора до триумф над Јапонија

Ракометарките на Црна Гора со победа ја стартуваа главната фаза од Светското првенство во Јапонија, откако на рутински начин ја совладаа домашната репрезентација со 30-26 и ги сочуваа шансите да обезбеди позиција којаќе им донесе и настап во полуфиналето на Мундијалот.

Предводени од поранешната вардарка, Јованка Радичевиќ репрезентативките на Црна Гора ја контролираа играта и резултатот недзоволувајќи им на домаќинките да се понадеваат на изнеандување. Искусното десно крило натпреварот го заврши со осум постигнати погодоци, два повеќе од Мехмедовиќ, која пак беше најприсебна во последните десет минути, во кои стрелаше дури четири пати. Кај Јапонија се истакна Фујита со седум гола.

Први бодови од оваа фаза обезбеди и Германија, која по крајно неизвесен натпревар славеше над Холандија со 23-25 и ја зазеде лидерската позиција во групата 1. Болк со шест гола беше најпрецизна Германка, додека во редовите на Холандија се истакна Дулфер со четири погодоци.

Треба да знаете
Последни објави