Search

Пуштени во употреба реновираните и модернизирани училници во градинките “Фидани” и “Снежана”

Во фокус на Општина Чаир е постојано подобрувањето на училишната инфраструктура за поквалитетен едукативно – образовен.

Овој пат се оствари соработка со компанијата Axi Ağaçkakan и бизнисменот Шерафедин Ибиши за модернизирање на две училници на детската градинка “Фидани” кои денес ги пуштивме во употреба заедно со поранешниот градоначалник на Општина Чаир Изет Меџити, директорката на детската градинка Гзиме Бакиу и други претставници на државните институции. Истотака оваа инвестиција ја опфати и детската градинка “Снежана”.

Нека им е со среќа на децата овие реновирани простории кои гарантираат топлина и ја стимулираат креативноста.

Треба да знаете
Последни објави