Search

Путин: Митот за руската закана го измислија оние што профитираат од него

Митот за заканата од Русија е измислен од оние што сакаат да остварат профит од тоа и лидерите на европските земји мора да го сфатат тоа, изјави рускиот претседател, Владимир Путин, на инвестицискиот форум „Русија повикува“, пренесува ТАСС.

Тој посочи дека во минатото САД им велеле на европските земји дека треба да платат за заштита од советската закана.

„Денеска тоа не пали. И покрај сите проблеми поврзани со Украина и шпекулациите за Крим и Донбас, сите совршено добро разбираат дека Русија нема планови да нападне никого. Тоа е глупост. Руската закана е измислена од оние што сакаат да профитираат од борбата против Русија и да добијат бонуси и предност. Тоа им е јасно на сите, дури и на лидерите на клучните европски земји“, истакна Путин.

Според рускиот лидер, САД ќе треба да преземат некои чекори за промена на природата на односите со европските сојузници во НАТО.

„Денеска не е доволно само да се каже: Ние ве заштитуваме и вие нè плаќате. Зошто треба да плаќаат за одржување на американската одбранбена индустрија? Тие попрвин би развиле свои индустрии за што зборуваа неодамна“, рече Путин.

Треба да знаете
Последни објави