Search

Путин го покани Ердоган во следните денови да ја посети Русија

Рускиот претседател Владимир Путин го покани својот турски колега Реџеп Тајип Ердоган да допатува во работна посета на Русија и поканата беше прифатена, соопшти прес службата на Кремљ, пренесе Тасс.

„Владимир Путин го покани Реџеп Тајип Ердоган во следните денови да оствари работна посета на Русија. Поканата е прифатена”, се наведува во соопштението.

Освен тоа, во него се наведува дека лидерите на двете земји се изјасниле за продолжување на процесот на политичко надминување на конфликтот во Сирија и ја изразиле својата намера на крајот на октомври во Женева да го овозможат свикувањето на Уставниот комитет под патронат  на ОН. Претседателите, исто така, ја потврдиле својата посветеност за обезбедување на територијалната целост на Сирија, соопшти прес службата на Кремљ.

Треба да знаете
Последни објави