Search

Пукање во Батинци: Извлекол жива глава, му го изрешетале автомобилот

Полицијата трага по жител на скопско Батинци, осомничен дека пукал во соселанец, утрово во селото, информираше МВР.

Според полицијата, инцидентот се случил на излезот од селото околу 4.15 часот.

Тогаш во С.Н.(27), кој бил со својот автомобил „фолксваген голф“,  пукале Р.А. и Ш.А., двајцата од селото. Во нападот С.Н. не бил повреден, а полицијата во текот на денот го привела Ш.А., а трага по другиот пиштолџија.

Се работи на целосно расветлување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави