Search

Протести на Србите од северно Косово поради формирањето на косовската Војска

Лица од српска националност се собраа денеска во Северна Митровица на протести поради формирањето на Војската на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

На собирот организран пред седиштето на УНМИК во северниот дел на поделениот косовски град, демонстрантите симболично ја погребаа Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, бидејќи, според нив, таа била поништена со денешната одлука на Собранието на Косово за трансформација на Безбедносните сили во Војска.

Резолуцијата, според претставниците на косовските Срби и официјален Белград, пропишува дека единствена вооружена сила во Косово може да биде КФОР.

Насобраните граѓани во Митровица протестираа и против таксата од 100 отсто на увозот на српски производи во Косово.

Треба да знаете
Последни објави