Search

Пронајдено обесено момче на кејот на Вардар

На 06.08.2020 во 19.56 часот во СВР Скопје било пријавено дека на кеј на реката Вардар во Скопје, во близина на ФФМ, било пронајдено обесено машко лице на возраст од околу 25 години.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Од МВР информираат и дека вчера во скопско село  27-годишно лице во гаража го пронашло обесен неговиот 51-годишен татко.

Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

Треба да знаете
Последни објави