Search

Промоција на видео кампања „Дали знаеш?”

Хелсиншкиот комитет за човекови права денеска во Скопје ќе ја промовира видео кампањата „Дали знаеш?”.

На настанот ќе бидат презентирани видеа наменети за подигнување на јавната свест за превенција, заштита и намалување на дискриминација врз жената, а кои се повикуваат на одредбите на Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жената (CEDAW).

Видеата се подготвени во рамки на регионалната програма на UN Women „Спречување на насилството врз жените од Западен Балкан и Турција: Спроведување на норми, промена на ставови”, финансирана од Европската Унија.

Треба да знаете
Последни објави