Search

Промовиранa книгата „Избледена надеж” од Делвина Керлуку

– Во Националната галерија во Скопје, во понеделникот беше промовиран книгата „Избледена надеж” од Делвина Керлуку. Говорејќи на панелот, францускиот амбасадор во Скопје, Кристијан Тимоние, рече дека портретите не инспирираат да размислиме подлабоко за нееднаквостите и корупцијата.

– И честитам на авторката Делвина Керлуку, како посветена писателка, за нејзините кратки, но експресивни текстови и нејзините јасни и прецизни пораки, кои го откриваат она сериозно страдање и неволја кај нашите општества – бедата, тема што особено детално ја обработил Виктор Иго во „Клетници”. Овие портрети нè охрабруваат да размислуваме за нееднаквостите и за корупцијата, како рак-рана што мора да се надмине за земјите од Западен Балкан сосема да се вклучат во изградбата на Европа, рече амбасадорот Тимоние во својот говор.

Делови од книгата прочитаа и актерот Генц Мирзо. На промоцијата присуствуваат и професорите Кристина Николовска и Демуш Бајрами, амбасадорот на Косово во Скопје, Ѓерѓ Дедај, пијанистката Ариана Куриу-Груби и други гости.

Треба да знаете
Последни објави