Search

Променливо облачно со сончеви периоди

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен претпладне долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 7 степени.

Во недела во попладневните часови повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури.

Од понеделник дневните температури ќе бидат во пораст, освен по котлините каде ќе има услови за појава на магла.

Треба да знаете
Последни објави