Search

„Пријателите“ ќе бидат тестирани за коронавирус пред повторната дружба

Екипата на култната ТВ-серија „Пријатели“ ќе биде тестирана за коронавирус пред специјалната епизода закажана за август.

Мет Лебланк, Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Метју Пери и Дејвид Швимер сите се подготвени повторно да се соберат следниот месец кога ќе ја снимаат специјалната епизода – ексклузивна едновечерна дружба на екипата – што ќе се прикажува на „ХБО макс“.

Звездите ќе се вратат на оригиналната сцена „Стејџ 24’ во студиото на „Ворнер Брос“ во Калифорнија. Тие ќе седнат на тркалезна маса и ќе се потсетат на серијата во која глумеа како група пријатели кои живеат во Њујорк Сити.

Но, во услови на пандемија на коронавирус, тие ќе треба да поминат низа тестови и карантински мерки пред да им биде дозволено да ја снимат емисијата со цел да бидат сигурни дека никој од нив не го носи вирусот.

Извор близк до продукцијата изјави за „Сандеј мирор“: Сите се надеваат дека снимањето ќе продолжи следниот месец. Ќе има многу строги правила, без публика во живо.

„Ова е голем удар бидејќи шефовите се намачија да создадат автентична атмосвера,“ додаде изворот.

Специјалната епизода е интелегентен потег на актерите и на продуцентите да ја искористат обновената популарност на серијата, во време кога има огромна носталгија по 90-тите.

Треба да знаете
Последни објави