Search

Претставата „Викенд на мртовци” за театарско уживање и со три хумани цели

Во преполната голема сала од Центарот за култура „Марко Цепенков” синоќа беше премиерно изведена претставата „Викенд на мртовци” според текстот на Миле Попоски, во режија на Саша Нацевски, а во изведба на Училиштето за театар „Чин 4, Сцена 5″ кое работи во склоп на Центарот за култура како аматерка театарска група.

Претставата, која побуди голем инетерес кај прилепчани е од хуманитарен карактер бидејќи парите од влезниците се наменети за три хумани цели. Акцијата ја спроведува театарската трупа во соработка со прилепската локална самоуправа.

Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, кој ја поддржува и ја поздравува акцијата, наведе дека тоа е голем театарски настан, но и голема хуманост на сите.

– Со средствата кои ќе се соберат од продажбата на влезници предвидено е да се инсталира лифт за лицата со хендикеп во Центарот за култура „Марко Цепенков” со цел да се олесни пристапноста до големата сала, да се промени дограма во дневниот центар „Ѕуница” и да се набават четири компјутери за потребите на посебните паралелки во ОУ „Климент Охридски”. Прилепчани досега покажаа огромна интерес за оваа претстава, рече Јованоски.

Претставата ќе има десет изведби и од сите ќе се собирата средствата за хуманите цели.

Режисерот на претставата Саша Нацевски нагласи дека повеќе од два месеца напорно и плодно се работеше и покрај актуелните членови играат и ветерани на театар „Чин 4 сцена 5″.

– Самата претставата говори, како што знаеме, како едно семејство се справува со смртта на свој член и низ екомичен и алегоричен начин е претставена сета ситуација. Се обидовме да се дистанцираме од филмот „Викенд на мртовци” и мислам дека успеавме да создадовме своја претстава која публиката ќе ја гледа засебно од филмот. Покрај актуелните членови на театарската трупа, во претставата учествувата и поранешните членови кои некои можеби не стапнале на сцената и 10 години. Но провејува љубовта кон театарот и оваа уметност, рече Нацевски.

Треба да знаете
Последни објави