Search

Претседателот на Шри Ланка нареди погубување на четири осудени лица

Претседателот на Шри Ланка, Маитрипала Сирисена, изјави дека наредил погубување на четири лица осудени за дрога, кои наскоро ќе бидат обесени во затвор.

Ако дојде до оваа егзекуција, ова ќе значи крај на 43-годишниот мораториум на смртната казна во Шри Ланка.

Сирисена им кажа на новинарите дека потпишал налози за погубување со наведените датуми и ги испратил во затворската администрација.

Последната смртна казна во Шри Ланка е извршена во 1976 година. Во моментов има 1.299 осуденици во затвор, од кои 48 се осудени за злоупотреба на дрога.

Организациите за човекови права и странските влади ги критикуваа претходните предлози на Сиризена за враќање на смртната казна.

Треба да знаете
Последни објави