Search

Претседателот на Мексико повторно одби да му честита на Бајден

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор денеска повторно одби да му честита на новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден за изборната победа, повторувајќи го својот претходен став дека тоа ќе го стори кога ќе заврши изборниот процес во САД.

Обрадор објасни дека нема ништо против кој било кандидат или политичка партија што учествуваат на претседателските избори во Америка, но оти не сака да праќа честитки додека не заврши изборниот процес.

– Што е најдобро? Да почекаме, рече Обрадор.

Треба да знаете
Последни објави