Search

Претседателката на Тајван ќе се кандидира повторно

Претседателката на Тајван, Цаи Ин-Вен, изјави дека дека повторно ќе се кандидира за лидер на островот во 2020 година, и покрај тоа што нејзината популарност продолжува да опаѓа.

Цаи ги објави своите планови во вторникот во ексклузивното интервју со Си-eн-eн, велејќи дека сака да ја оствари својата визија за Тајван.

„Нормално е секој актуелен претседател да сака да направи повеќе за својата земја и да сака да ги заврши работите на својата агенда“, рече Цаи.

Цаи е првата жена што била избрана за лидер на островот. Таа дојде на власт во 2016 година, ветувајќи дека ќе ја подобри економијата и ќе ја намали зависноста на Тајван од Кина. Но, во 2018 година нејзината Демократска прогресивна партија претрпе огромна загуба на локалните избори, по што таа даде оставка како лидер на партијата.

Како резултат на тоа, високи членови на нејзината партија ја повикаа да не се кандидира на следните претседателски избори, но, и покрај критиките, Цаи изјави дека е уверена во својата способност да победи.

„Ова е нешто за што сум подготвена“, рече Цаи. „Ова е уште еден предизвик: кога си претседател имаш многу предизвици“.

Треба да знаете
Последни објави