Search

Претпладне сонце, попладне дожд и грмежи

Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има локален пороен дожд и грмежи. Локално се можни поинтензивни процеси во форма на невреме. Минималните температури ќе се движат од 13 до 22, а максималните од 29 до 37 степени.

Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне со локален пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 20 до 35 степени.

До вторник во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град.

Треба да знаете
Последни објави