Search

Пресудата на Врховниот суд на Шпанија ќе го активира барањето за екстрадиција на Пуџдемон

Казните кои денеска им ги  изрече Врховниот суд на Шпанија на деветмина каталонски лидери и активисти, затоа што бараа отцепување на оваа покраина од Шпанија, повторно ќе ги отвори меѓународните и европски налози за апсење на поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон и шестмината други лидери кои се залагаа за каталонската независност, а побегнаа од земјата.

Налогот повторно ќе го активира шпанското Обвинителство, со немера судовите на земјите во кои се наоѓаат пребегнатите каталонски сепаратисти повторно да размислат за нивно предавање на Шпанија, пренесе весникот „Ел Паис”.

Весникот наведува дека налогот ќе се однесува на судовите и министерствата за правда на Белгија, Шкотска и Швајцарија, каде се наоѓаат Пуџдемон и останатите шест каталонски лидери.

Пуџдемон веќе две години се наоѓа во Белгија, а судот во Германија во јули минатата година одби да го испорача, во периодот кога привремено престојуваше во оваа земја.

Треба да знаете
Последни објави