Search

Прва проекција на новиот состав на Европскиот парламент

 Според првите проекции на новиот состав на Европскиот парламент, најсилни партии и натаму ќе бидат Европската народна партија, социјалдемократите и Сојузот на либерали и демократи за Европа, во која би требало да се приклучат и членовите на Република во движење на францускиот претседател Емануел Макрон.

Првите резултати од изборите во земјите-членки на ЕУ, ја донесоа првата проекција за можниот состав на новиот Европски парламент.

Според прелиминарните резултати добиени од 11 земји-членки и предизборни најави од 17 држави-членки, 751 место во Европскиот парламент можат да се поделат на следниов начин:

Европската народна партија ќе има 173 места, социјалдемократите 147, Алијанса на либералите и демократите плус Република во Движење 102, Зелените 71, конзервативците и реформистите 58, Европа на нациите и слобода 57, Европа на слобода и директна демократија (Движење 5 ѕвезди плус партија за Брегзит) 56, Европската обединета левица /Нордиска зелена левица 42.

Треба да знаете
Последни објави