Search

Почнаа да работат првите камери кои фаќаат возачи што користат телефон зад воланот

Австралиската држава Нов Јужен Велс во неделата ги претстави „камерите за детектирање на висока дефиниција“ дизајнирани да ги фатат возачите кои користат мобилни телефони зад воланот.

Ендру Констанс, министер за патишта на Нов Јужен Велс, рече дека технологијата – прва од ваков вид во светот – ќе таргетира нелегални телефонски повици преку фиксни и мобилни камери. Камерите ќе користат вештачка интелигенција за прегледување на слики и откривање на нелегална употреба на мобилен телефон, објави „Си-Ен-Ен“.

Фотографиите што камерата ги идентификува, го содржат возачот додека остварува телефонски повици зад воланот, а потоа тие ќе бидат проверени од овластен персонал, изјавија официјални лица, додавајќи дека сликите што ќе ги направи системот ќе бидат чувани на безбедно.

Во текот на следните три години, државните власти ќе распоредат 45 преносни камери на непознати локации и без знаци на предупредување. Првите три месеци непослушните возачи фатени од камерата ќе добијат предупредувачки писма, а по тој период ќе бидат казнети со парична казна до 344 долари, односно 457 долари во училишна зона, или ќе бидат казнети со поени во возачката дозвола.

 

„Владата на Нов Јужен Велс е сериозна во врска со намалувањето на жртвите на патот, а камерите кои откриваат мобилни телефони се еден од начините да го сторат тоа“, рече Констанца.

Официјалните претставници посочија дека над 100.000 возачи кои користеле мобилни телефони додека управувале со возило, биле фатени за време на пробата на новиот систем претходно оваа година. Околу 329 лица загинаа во сообраќајки во Нов Јужен Велс оваа година, додека во 2018 година загинаа 354, според официјалната статистика. Владата сака смртните случаи на патиштата да ги намали за 30 проценти до 2021 година.

Зборувањето преку мобилен телефон за време на возењето е нелегално во Нов Јужен Велс, но дозволено е користење на безжична технологија (слушалки). Употребата на други функции, вклучувајќи ги социјалните мрежи, видео повиците, фотографирање и слушање музика, е дозволено само доколку возилото е паркирано.

Треба да знаете
Последни објави