Search

Почна ЦО на СДСМ: Кои ќе бидат изненадувањата?

Долго најавуваваната седница на Централниот одбор на СДСМ почна денеска во хотелот „Инекс Горица“ во Охрид.

Централниот одбор ќе расправа по 10 точки од дневниот ред: актуелна политичка состојба , кооптирање на членови на ЦО, избор на членови на Извршниот одбор, избор на организационен секретар на партијата, избор на секретар за меѓународна соработка, именување на директор на Центарот за истражување и анлиза на СДСМ, начин на организационо делување на партијта.

На дневен ред се Предлог- одлуката за именување и дополнување на Правилникот и роковникот за постапката, начинот и критериумите за кандидирање и избор на членовите на органите и носителите на функции во ОО на СДСМ, како и Предлог-одлуката за основање на ОО на СДСМ Арачиново, ОО на Липково и ОО на Боговиње.

По поминување на овие точки на дневниот ред е последната точка-тековни прашања.

Премиерот Зоран Заев денеска од Преспа најави пријатни изненадувања кои ќе се случат на седницата.

– Имавме консултации пред состанокот со заменик-претседателот и генералниот секретар, но мислам дека ќе има пријатни изненадувања кои се типични за левичарските партии и верувам дека тоа ќе биде убава кадровска импликација за да можеме да ги мотивираме и други политички партии и општеството да се менуваме кон подобро, изјави Заев.

Треба да знаете
Последни објави