Search

Почна финалното асфалтирање на улицата „Александар Урдаревски“ во Бутел

Од Градот Скопје информираат дека денеска почна финалното асфалтирање на улицата „Александар Урдаревски“ во општина Бутел. Поради овие градежни зафати сообраќајот во Бутел ќе се одвива со изменет режим на движење. Се палнира работите да завршат денеска и утре и во употреба да биде вратен нормалниот сообраќај на движење.

Денеска улицата „Александар Урдаревски“ целосно ќе биде затворена за сообраќај на потегот од кружниот тек до крстосницата со улицата „Натанаил Кучевишки“, а утре од крстосницата со улицата „Натанаил Кучевишки“ до крстосницата со улицата „Бутелска“.

Сообраќајот во овој дел од градот во наредните два дена, додека се одвиваат градежните работи, ќе биде преносачен по улицата „Цетинска“. Исто така, и возилата од јавниот превоз кои сообраќаат по улицата „Александар Урдаревски“ во наредните два дена ќе бидат пренасочени.

 

Треба да знаете
Последни објави