Search

Почина ѕвездата на „Дизни“ на 24 години

Sвездата на „Дизни“, Себастијан Атије, почина на 24-годишна возраст. Нивниот канал од Латинска Американски објави во неделата на Твитер и Инстаграм дека момчето починало.

Причината за смртта сè уште не е позната.

„Почивај во мир, Себастијан, твојата уметност и твојата насмевка ќе останат засекогаш“, напишаа од „Дизни Канал ЛА“ со фотографија на која тој е насмеан.

„Многу ни жал поради неговата смрт. Секогаш ќе го памтиме поради неговиот талент, пријателството, професионализмот и, пред сè, поради неговото огромно срце. Им се придружуваме на неговото семејство, пријателите и фановите во последниот поздрав.“

Менаџментот на Атије, „Кристина Чапаро менаџмент“, исто така ја сподели оваа вест…

Преземено од plusinfo.mk

Треба да знаете
Последни објави