Search

Почина најстарата актерка во светот, глумела до неодамна

Бугарката Стојанка Мутафова, една од најстарите активни актерки во светот, почина на 97-годишна возраст.
Наречена кралица на бугарската комедија, Мутафова почнала да настапува во 1945 година, кога ја играла слугинката во „Трикови на Скапин“ од Молиер. Таа станала популарна во својата татковина откако се појавила во неколку телевизиски комедии и забавни програми.
Во 94. година од животот со својот театар била на турнеја низ Северна Америка и Европа. Таа настапувала на театарските штици до пред неколку месеци.
„Замина многу драг и добар човек“, рече бугарскиот премиер Бојко Борисов. „Секогаш ќе биде еден од симболите на бугарскиот театар“.
Мутафова, за која се верува дека е најстарата активна театарска актерка по  смртта на рускиот актер Владимир Зелдин, кој почина во 2016 година на возраст од 101 година, за „Ројтерс“ изјави дека никогаш не се покајала за изборот на својата професија.

Треба да знаете
Последни објави