Search

Помпео: САД се посветени на искоренување на насилството против жените

Американскиот Стејт департмент денеска објави соопштение по повод Меѓународнот ден за борба против насилството врз жените, истакнувајќи дека пандемијата на Ковид-19 нанесе посебен удар врз претставничките од понежниот пол.  

-Насилството против жените не само што повредува милиони жени и девојки секоја година, туку нанесува штета и во нивните заедници и семејства. Насилството против жените, дали на работа, во училиште или како последица на конфликт или криза, е неприфатливо, истакна во соопштението американскиот државен секретар Мајк Помпео. 

Додаде дека САД со гордост го одбележуваат 25 ноември, Меѓународен ден за борба за искоренување на насилството во однос на жените, и започнуваат 16 денови активизам против гендерното насилство, се вели во соопштението. 

-САД признаваат дека пандемијата на Ковид-19 нанесе посебен удар и непропорционално силно влијае врз жените – од зголеменото ниво на насилство против нив до зголемена нестапбилноста поради невработеност.  

Помпео ја повика меѓународната заедница „да се обедини да го запре насилството против жените, да застане покрај жртвите и да им даде моќ да излезат од пандемијата посилни од кога било”.  

-САД се посветени да го направат ова во име на националната безбедност, глобалниот развој, правата и достоинството за жените и девојките во целиот свет, се вели во денешното  соопштение на државниот секретар.

Треба да знаете
Последни објави