Search

Полицајците кои спасија девојче од Македонија: Не знаевме дали детето е живо…

Приказната за сообраќајните полицајци кои забележале маж како држи дете во рацете и се обидува да го освести на автопатот Ниш-Белград, а потоа организирале вистинска акција како на филм за спасување на детето, стана хит на денот во медиумите и на социјалните мрежи.

Полицајците Александар Миленковиќ (36) и Владан Николиќ (37) раскажаа како го спасиле животот на деветгодишната Е.Ј. од Македонија.

Полицајците утрово со радар мереле брзина на патот, кога застанале неколку возачи кои им рекле дека 500 метри подолу стои автомобил и маж со дете во раце. Тие го вклучиле ротациското светло и возејќи во контра насока во лентата за застанување стигнале до девојчето, го зеле детето и веднаш се упатиле кон Белград, а во меѓувреме побаралае и помош од Итната медицинска помош која ги пресретнала.

– Кога пристигнавме, го видовме таткото како го држи детето во рацете, додека му ја држеше главата со лактот за да не падне, затоа што беше во несвест. Мајката му го држеше јазикот цело време надвор за да не се задуши. Веднаш им реков да влезат во нашето возило и тргнавме за Белград. Владан возеше, а јас бев во комуникација со службите за итни случаи, каде е најдоброто место за запирање, или каде да го транспортирам детето. Цело време дури и не знаев дали девојчето е живо, само неколку пати ги видов неговите контракции и се исплашив дека не издишува. Меѓутоа, кога дојде брзата помош, го разбудија, поточно, го освестија за момент, вели Александар.

Лекарите утврдиле дека Е.Ј. имала епилептичен напад, а благодарение на присебната интервенција на полицијата на време било донесено во болница каде и бил спасен животот.

Треба да знаете
Последни објави