Search

Полицаец малтретирал велешанец без маска, го внел на сила во автомобилот

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава против И.Т.(41) од Велес, вработен во МВР, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во службата“.

На 29.05.2020 во Велес пријавениот, при преземање на службени дејствија за легитимирање и спроведување на мерките за носење на лична заштита, откако пристапил кон приведување нa П.А., со употреба на физичка сила насилно го внел во службеното возило, каде на седиштето имало автоматска пушка, а откако приведениот реагирал, полицискиот слижбеник му упатил закани.

Треба да знаете
Последни објави