Search

Познати причините за несреќата на авионот на „Аерофлот“ што се запали на Шереметјево

Рускиот патнички авион Сухој Суперџет 100 кој се урна во мај годинава при што загинаа 41 лице, престанал да работи по ударот од молња и паднал на земјата со премногу голема брзина, се вели во извештајот на истрагата, кој го објавија руските новинска агенција.

Во прелиминарниот извештај на Меѓународниот борд за воздухопловство (IAC), кој ја истражува несреќата не беше заклучено дали вина има и пилотот, објавија агенциите.

Несреќата се случи на 5 мај кога авионот на”Аерофлот”со 73 патници и пет членови на екипажот принудено слета на московскиот аеродром Шереметјево.

Извештајот, исто така, покажува дека екипажот одлучил да продолжи со планираното слетување и покрај тоа што автоматскиот систем ги советувал да го прекинат и да се обидат со друго слетување.

Треба да знаете
Последни објави