Search

Пожарникари спасија пума и ја пуштија во дивина

Пожарникарите во Калифорнија спасија пума која била забележана на дрво во близина на еден имот, пренесе Би-би-си.

Тие стигнале на терен по повик дека пумата се наоѓа на стебло високо околу 15 метри во Сан Бернардино. Пумата ја забележал сопственикот на имотот, кој бил во својот двор.

Откако го обезбедиле подрачјето околу дрвото, пожарникарите привремено ја успале пумата, па безбедно ја спуштиле на земјата. Пумата е пуштена во дивина.

„Оставањето на животни на дрво не би било безбедно за заедницата“ рекол пожарникарот Рик Фишер.

Пумите спаѓаат во групата диви мачки, живеат во Северна и Јужна Америка, од Британска Колумбија до Аргентина. Нападите врз луѓето се ретки. Според податоците кои ги објавија „Колорадо Паркс“ и „Вајлдлајф“, во повеќе од 100 години убиени се околу 10 луѓе.

Треба да знаете
Последни објави