Search

Пожар му се заканува на манастирот Зрзе

Манастирот „Св. Преображение” во селото Зрзе е загрозен од пожарот, кој од вчера гори во Прилепско, дознава 24 Инфо од загрижени жители на селото.

Тие се револтирани од општинските власти кои не реагирале навремено, иако, според нив, тие информирале за опасноста, но ништо не е преземено.

-Рекоа дека се испратени пожарникари, но нема никој. Ги информиравме и во ЦУК, но и на нив им било кажано дека има пожарникари на терен, но тоа не е вистина. Пожарот кој вчера избувна кај Дебреште веќе е стигнат до манастирот, рекоа за 24 Инфо мештаните.

Вистинска драма се случуваше вчера во прилепско од 15 часот па се до 23 вечерта, кога поради огромен пожар цели 7 часа беше блокиран патниот правец Прилеп – Градско, преку преминот Плетвар.

Во рок од само 2 часа вчера во прилепско се случија 5 огромни пожари кои опфатија површина од 300 до 400 хектари. Освен Плетвар гореше кај село Лопатица и помеѓу селата Рилево и Зрзе во Општина Долнени. На помош дојдоа и дел од против пожарни екипи од Кавадарци, Крушево и Кривогаштани.

Треба да знаете
Последни објави